Термоелектраната Осломеј ќе се исклучи и на нејзино место ќе го вклучи Блок 2 во РЕК Битола, информира АД ЕЛЕМ.
– И покрај тоа што дефектот на системот за водено отпепелување е отстранет и ТЕ Осломеј може да работи по сите еколошки стандарди, раководството на АД ЕЛЕМ одлучи да го запре производството на електрична енергија во електраната, имајќи ја предвид загриженоста и сензитивноста на населението од околните места, информираат од компанијата.
Блок 2 во РЕК Битола, нагласуваат, е веќе во мрежа, по превентивниот зафат во текот на викендот, и може непречено да се вклучи во производниот процес.