Три проценти раст на домашната економија за годинава прогнозира Меѓународниот монетарен фонд во најновиот Глобален извештај.
За наредната година прогнозата за растот на БДП во Македонија е 3,1 отсто, а до 2024 година да достигне 3,5 отсто. Од земјите во регионот годинава највисок раст е предвиден во Косово 4,2 отсто, Албанија 3,7 отсто, Србија 3,5 отсто, Бугарија 3,3 отсто, Црна Гора 2,8 отсто и Хрватска 2,6 отсто.
Во наредната година највисок економски раст ќе имаат Србија и Косово четири проценти, Албанија 3,9 отсто, БиХ 3,2, Бугарија три, Хрватска и Црна Гора 2,5 отсто. ММФ во најновиот извештај ја намали глобалната прогноза за растот годинава на 3,3 отсто што е најмал раст од 2016 година.
Претходната проекција беше 3,5 отсто. Причини за намалениот раст се трговските тензии од излегувањето на Велика Британија од ЕУ, како и економските проблеми, пред се во богатите земји.
Понизок раст ММФ предвидува и за најсиланта светска економија американската, од претходно проектираните 2,9 на 2,3 отсто.Во еврозоната растот годинава ќе биде 1,4 отсто.