Европската централна банка (ЕЦБ) не исклучува сценарио каде економијата на еврозоната може да почека до крајот на 2022 година за да го достигне нивото од пред пандемијата. Тоа се наведува во извештајот на финансискиот регулатор.
Според песимистичко сценарио, БДП во еврозоната може да се намали за 12 проценти оваа година. Во вториот квартал, можно е да се забрза падот до 15 проценти. Според другото поблаго сценарио, се очекува БДП да се намали за 5 проценти во 2020 година.
Претседателот на институцијата, Кристин Лагард смета дека еврозоната ќе се соочи со невиден економски пад, но дека е тешко да се дадат некакви предвидувања кога не се знае колку ќе трае пандемијата.