Шпаркасе Банка Македонија воведе најнова промоција, со која на своите новорегистрирани клиенти им овозможува тргување со акции на Македонска берза АД Скопје – со намалени провизии за тргување до 50% од редовните надоместоци, во промотивниот период од 1.7. до 30.9.2018 година.
Дополнително, Шпаркасе Банка Македонија ја нуди и можноста за бесплатно користење на апликацијата E-trading, која овозможува електронско задавање налози за тргување. Со најавување во апликацијата и креирање кориснички профил, клиентите ќе имаат можност да издаваат електронски налози до брокерите на Банката, да имаат целосен преглед на налозите, на тргувањата и на портфолиото, како и можност да го следат во реално време тргувањето на Македонската берза.
Основните карактеристики на апликацијата E-trading се:
• високо ниво на сигурност (преку персонален дигитален сертификат)
• едноставност во пополнувањето на налогот, неговиот внес, измена или повлекување
• преглед на портфолиото и на паричната состојба со моментално ажурирање
• преглед на пазарните податоци (цена, длабочина, трансакции)
• следење на внес и извршување на налогот во реално време
• преглед на активни налози и e-trading барања
• следење на налогот во длабочината на пазарот
• аларми (нотификации за промените на пазарот)
Шпаркасе Банка посветено работи на создавање нови, иновативни современи банкарски производи за своите корисници, како потврда на својот имиџ за модерна банка и традицијата за стабилност и доверливост, веќе потврдена во регионот.
Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје е дел од Ерсте и Штаермеркише Шпаркасе Групацијата, која бележи речиси 2 века постоење на финансискиот пазар во Р. Австрија и претставува синоним за стабилност, сигурност и континуитет во работењето со изграден и препознатлив бренд. Воедно, таа е една од најсилните банкарски групации во Европа, која со својата долгорочна стратешка ориентација кон регионот на Југоисточна Европа дополнително ја зацврстува позицијата на Шпаркасе Банка Македонија како доверлив партнер на сите групи клиенти. Шпаркасе Банка Македонија зaедно со сестринските банки во Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и во Црна Гора, е дел од најсеопфатните банкарски мрежи во регионот.