Граѓаните на Скопје, од денеска, 13 мај, можат да ги платат заостанатите сметки за вода и смет без камата, информираа од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје. Оттаму објаснуваат дека корисниците што имаат заостанат долг за потрошена вода и смет (тужен и редовен) имаат можност да го платат без пресметана камата за задоцнето плаќање.
Можноста да се плати долгот без пресметана камата од страна на корисниците е со определено времетраење во предвиден рок, сметано од 13 мај до 28 јуни 2019 година.
Физичките и правните лица може да го исплаќаат својот долг со склучување договор до 24 месечни рати, во зависност од висината на долгот.