Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,03 % во однос на одлуката од 15.11.2021 година.
Малопродажната цена на „евродизелот“ (Д-Е V) се намалува 1,50 денар/литар, а малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ не се менуваат.
Малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува 1,00 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува 0,607 денари за килограм и сега ќе изнесува 41,245 денар за килограм.
Од 23.11.2021 година од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
– моторен бензин „евросупер БС-95“ – 75,00 (денари за литар)
– моторен бензин „евросупер БС-98“ – 77,00 (денари за литар)
– дизел-гориво „евродизел БС“ (Д-Е V) – 66,50 (денари за литар)
– масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 66,00 (денари за литар)
– мазут М-1 НС – 41,245 (денар за килограм)
Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат намалување: кај бензинот 1,511 %, кај дизелот 4,234 %, кај екстра-лесното масло 4,294 % и кај мазутот намалување е 3,366 % .
Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок 1,356 %.