Прометот во индустријата во мај годинава во однос на мај лани бележи раст од 8,3 проценти, објави Државниот завод за статистика.
Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во мај 2018 година, во однос на мај 2017 година, бележи раст кај интермедијарните производи, освен енергија за 4,3 проценти, капитални производи за 13 и нетрајни производи за широка потрошувачка за 7.1 процент, додека опаѓање бележи кај трајни производи за широка потрошувачка за 3,1 процент.
Прометот во индустријата, во мај 2018 година, во однос на април 2018 година, бележи раст од 9,8 прценти, додека во периодот јануари – мај 2018 година, во однос на периодот јануари – мај 2017 година, раст од 10,2 отсто.
Прометот во индустријата на домашниот пазар, бележи намалување за 1,4 процент, додека на странските пазари бележи раст од 11,3 отсто.