Компанијата Дајмлер планира да купи батериски ќелии во вредност од 20 милијарди евра до 2030 година, во рамки на подготовката за масовно производство на хибридни и електрични возила, соопшти денеска германскиот производител на автомобили Мерцедес-Бенц, кој работи во состав на Дајмлер.
Оваа компанија е една од многубројните германски компании кои работат на огромно ширење во секторот на електрични возила.
Ваквото престројување на автомобилските компании е заради новите прописи на европските регулатори, со кои се воведуваат построги критериуми за емисиите на штетни гасови кај дизел возилата, јавува Ројтерс.