Од страна на национално жири за автомобил на 2018 година е прогласен Дачија Дастер, модел што годинава ги обедини признанијата за автомобил на годината и СУВ на годината.
Дачија Дастер победи во кокуренција на 10 финалисти, добивајќи ги најдобрите оценки во делот на економичност и еколошка прифатливост, безбедност и примена на технолошки достигнувања, возни својства, дизајн, конфорт и опременост.
Наградата Автомобил на годината му беше врачена вечерва на Кирил Калеников, од Аутомотив Груп, генерален застапник на овогодишниот победник Дачија Дастер.