Горивата од ноќеска на полноќ ќе поскапат за половина денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни.
Малопродажните цени бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) се зголемуваат за половина денар за литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,262 ден/кг и сега ќе изнесува 33,881 ден/кг.
Од ноќеска од 00.01 часот цените на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 67,5 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 69,5 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е В) 60 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 59,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 33,881 (денари/килограм)