Инфлацијата во Венецуела на годишно ниво во април годинава достигна 13.779 проценти, се посочува во извештајот на венецуелскиот Парламент, единствена институција, која е под контрола на опозицијата.
Во извештајот на парламентарната Комисија за финансии се истакнува дека цените во април се зголемиле за 80,1 проценти, а зголемувањето во првите четири месеци од годината е за 897,2 отсто.
– Ние сме земја со највисока инфлација во светот. Една нова фискална политика и прмени треба да стапат во сила за да се стабилизира валутата, изјави претседателот на парламентарната комисија, Рафаел Гусман.
Според предвидувањата на Меѓународниот монетарен фонд инфлацијата во Венецуела годинава ќе изнесува 13.8000 проценти.