Соочена со забавувањето на глобалната економија, американско-кинеската трговска војна и неизвесноста околу брегзит, Германија во вториот квартал од годината потона во техничка рецесија, откако нејзиниот бруто-домашниот производ (БДП) во тој период паднал за 0,1 отсто.
– Економијата на Германија вообичаено претставува огледало за „здравствената состојба“ на еврозоната, а нејзиниот БДП дава назнака за менаџирањето на фискалната политика на ЕУ во наредните месеци – пишува магазинот „Форчун“.
Експертите тврдат дека за тонењето на германската економија во вториот квартал придонесол и падот на инвестициите во градежништвото. Згора, во Германија, која го претставува ’рбетот на индустријата во Европа, стапката на невработеност е во пораст по втор пат во изминатите три месеци, а индустриското производство опадна за 1,5 проценти во јуни.
Во ваква ситуација, Европската централна банка треба да изнајде нови стимулативни мерки на состанокот закажан за идниот месец, со цел европскиот блок да не западне во рецесија. Се очекува да дојде до намалување на каматните стапки или купување на обврзници, но ваквите мерки можеби нема да бидат доволни за поправање на непогодната ситуација, сметаат познавачите на состојбите.