Им благодарам на Зоран Заев и на Еди Рама за храброста да влеземе и да направиме најдобра иницијатива која ќе го смени лицето на Балканот, од чие име не се срамиме, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ на прес-конференцијата во Тирана во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“. Тој директно му се обрати на Заев, изразувајќи благодарност.
-Тебе многу ти благодарам за се, на огромниот труд, иако знам дека утре официјално поднесуваш оставка, сакам да ти се заблогадарам за се што направи и за пријателството меѓу Србија и Северна Македонија, за трите земји, на што работеше и градеше – истакна Вучиќ.
На заедничката пресс-конфренција, со која завршува седмиот состанок на иницијативата „Отворен Балкан“, албанскиот премиер Еди Рама најави дека следниот состанок ќе се одржи во февруари следната година во Македонија. Вучиќ, пак и самит во Белград во мај или во јуни в година.
– Денеска отворивме нова ера на Балканот. Со попишаните договори, граѓаните на Албанија, Северна Македонија и Србија од јануари слободно ќе може да минуваат на граница. Исто така се отворат можности за слободен протек на стока и капитал. Со договорите се обезбедува увоз-извоз и на земјоделски прозводи и жив добиток врз основа на реципроцитет – посочи Рама.