Цените на нафтата ќе останат ниски до април
Дури и ако Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) го намали производството за дополнителни 600.000 барели на ден, цените на нафтата би можеле да останат ниски до април. Ова го истакнал Канг Ву, економски аналитичар, кој додал дека причината лежи во тоа што резервите се зголемуваат, а побарувачката за нафта е намалена поради епидемијата на коронавирусот.
Цените на нафтата се намалуваат бидејќи некои од кинеските компании се затворени со недели, но и авиокомпаниите ги откажуваат летовите. Според Канг, резервите на нафта може во април да бидат потрошени, што, според него, значи дека цените би можеле да останат слаби во наредните два месеца пред да се искачат, а најголем пораст им предвидува во текот на летото.