Црна Гора меѓу земјите со највисок туристички раст
Црна Гора се наоѓа на високото петто место на листата на најбрзорастечки туристички дестинации во светот во 2019 година, се наведува во најновиот извештај на Светската туристичка организација. Земјата остварила толку висок пласман благодарение на растот на бројот на туристи за 21,4 отсто.
Најголем раст минатата година забележале Мјанмар 40,2 отсто, Порторико 31,2 отсто, Иран 27,9 отсто и Узбекистан 27,3 отсто.
Податоците на Светската туристичка организација покажуваат зголемување на бројот на туристите во светот за четири отсто во однос на 2018 година.
И „Тесла“ може да добие субвенции од германската влада
Американскиот производител на електрични автомобили „Тесла“ може да добие субвенции за фабриката во Германија, како и другите производители, нагласи германскиот министер за финансии Петер Алтмаер.
– Во разговорите со Елон Маск истакнав дека никој нема да биде во повластена позиција, но никој нема да биде ниту дискриминиран – изјави Алтмаер за весникот „Ди велт“.
Германската влада подготви субвенции за производителите на батериски ќелии за електрични автомобили за да обезбеди работни места во секторот на кој му се ниша подлогата под нозете поради заострените прописи за заштита на околината и намалената побарувачка на автомобили, кои ги придвижуваат мотори со застарена технологија.