Просечната нето-плата 25.787 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2019 година, изнесува 25.787 денари, соопшти Државниот завод за статистика.
Зголемување се должи на растот на платите во секторите транспорт и складирање, преработувачка индустрија и дејности на здравствена и социјална заштита.
Раст на просечната исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, има кај административни и помошни услужни дејности, стручни, научни и технички дејности и кај објекти за сместување и сервисни дејности со храна.
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во ноември 2019 година, изнесувала 38.319 денари.