Стаикурас: Оцените за грчката економија се позитивни
Грчкиот министер за финансии Христос Стаикурас рече дека грчката економија позитивно ја оценуваат партнерите, инвеститорите, агенциите за кредитен рејтинг и грчките граѓани, а доказ за тоа е значителното зголемување на берзанските индекси во 2019 година. На првата седница на Атинската берза во 2020 година, тој ги претстави владините цели на економската политика за 2020 година. Тоа се високиот и одржлив раст, прераспределбата на доходот со фокус на социјалната кохезија, зголемувањето на приходите на домаќинствата преку даночно растоварување поголемо од претходно, зголемување на ликвидноста, промена на фискалните цели, како и јакнење на пазарот на пари и капитал.
„Шаоми“ ќе инвестира 7,2 милијарди долари во вештачка интелигенција
Кинескиот производител на паметни телефони „Шаоми“ соопшти дека, поттикнат од растот на конкуренцијата, во следните пет години планира да инвестира 7,2 милијарди американски долари во развој на вештачката интелигенција и мобилната технологија од петтата генерација (5Г).
Извршниот директор на „Шаоми“, Леи Јун, овие планови ги објави на социјалните медиуми на компанијата, без да наведе детали за инвестициите.