Рекорден извоз на руски гас во Австрија
Рускиот извоз на природен гас во Австрија достигна рекордни количества, беше истакнато на состанокот на првите луѓе на руски „Газпром“ и австриски ОМВ одржан во Санк Петербург. „Газпром“, според привремените податоци од први јануари до 21 ноември оваа година, во Австрија испорачал 12,7 милијарди кубни метри гас, што е 2,8 отсто повеќе во однос на целата 2018 година и претставува рекорден извоз на руската компанија во Австрија. Порастот во однос на истиот период лани изнесува 33,5 отсто или 3,2 милијарди кубни метри.
Јагленот со помал удел во производството на струја
Светското производство на електрична енергија произведена од јаглен во 2019 година е во пад за околу три отсто во однос на минатата година, што е најголем пад откако се вршат такви мерења, објавено е на интернет-страницата „Карбон бриф“, специјализирана за енергетика и клима.
Производството на електрична енергија од јаглен во првата половина на годината паднала за 19 отсто во однос на истиот период лани. Причините за рекордниот пад на производството на струја од јаглен се разликуваат од земја до земја, а вклучуваат зголемено производство на електрична енергија од обновливи извори, нуклеарна енергија и гас.