Вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска ќе престојуваат во службена посета во Белград каде ќе имаат средби со претставници на српската Влада и на Стопанската комора на Србија.
Како што соопштија од кабинетот на вицепремиерот, Анѓушев и Сугарески ќе се сретнат со потпретседателката на Владата на Република Србија и министерка за градежништво, инфраструктура и сообраќај Зорана Михајловиќ.
Вицепремиерот Анѓушев и министерот Сугарески, во просториите на Стопанската комора на Србија, ќе остварат средба со претседателот на комората Марко Чадеж, а потоа пред претставници на компании, членки на комората, ќе бидат презентирани можностите за инвестирање и мерките за поддршка на стопанството од Планот за економски раст на Владата на Република Македонија.