Владата на денешната седница ја разгледа и усвои информацијата за потребa од склучување на нов усогласен текст на Договорот за грант за партнерство меѓу Македонија и САД, и го овласти министерот на финансии, Фатмир Бесими, да гo потпише договорот со новиот амандман според кој УСАИД го зголемува вкупниот планиран придонес од 8.258.792 долари на 56.610.000 долари.
Овие средства, УСАИД ќе ги додели во текот на следните 4-5 години за проекти за зајакнување на економската конкурентност, за зголемување на придонесот на младите во општеството и за проекти и програми за намалување на корупцијата, нагласуваат од владината прес-служба.