Азиските пазари позитивно ја почнаа новата недела откако објавените детали од состанокот на американската Управа на федералните резерви (фед) ги намалија стравувањата од побрзо темпо на зголемување на каматните стапки.
Инвеститорите и натаму се загрижени поради кинеско-американските трговски несогласувања, како и тензиите околу ситуацијата со Иран.
МСЦИ Азија Пацифик Индексот се зголеми за 0,3 отсто, а кинескиот Блучип Индекс порасна за 0,7 проценти.
Поддршка за пазарите се и растечките цени на нафтата, па американската лесна нафта утрово изнесуваше над 70 долари за барел.