Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менуваат, односно остануваат на исто ниво, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 денар/литар.
Намалување за 0,136% има и кај малопродажната цена на Мазутот М-1 НС.
Од 29.12.2020 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 60,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 62,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 53,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 52,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 28,701 (денари/килограм).