2018 година за подружницата ХЕЦ „Тиквеш“- Кавадарци која работи во рамките на АД „ЕЛЕМ“ е повеќе од успешна бидејќи се произведени 138.556.000 киловат час електрична енергија. Ова е двојно поголемо производство во однос на реализираноста во текот а 2017 година. Споредено со она што беше предвидено во електроенергетскиот биланс за 2018 година на државно ниво ( 118 .540.000 киловатчасови) планот за производство во ХЕЦ „Тивеш“ е надминат за 17%.

-Добрите производствени резултати и доверливоста во функционирањето на постројките се резултат на поволните климатски услови и пред се професионалниот и совесен пристап кон работните задачи од страна на сите вработени во електраната. Временските услови и подготвеноста на електромашинската опрема на почетокот на оваа година даваат реална надеж дека ќе продлжиме со успешно работење. Нивото на акумулацијата на на 1 Јануари беше 249,40 метри надморска висина, што е значително повисоко споредено со просекот од минатите години. Исто така многу поволно влијаат и врнежите од дожд и снег во текот на јануари оваа година- вели Ѓоко Таѓев директор на ХЕЦ „Тиквеш“.

Годишната инвестициона програма на подружницата ХЕЦ „Тиквеш“ за 2019 година предвидува остварување на неколку клучни зафати кои се во функција да се задржи позитивниот тренд во производството на електрична енергија.

-Предвидуваме замена на предтурбински затворачи број 1 и број 2, со цел да се сведе на нула можната загуба и најмали количини на вода кога постројките се во погон. Со ова ќе се реши проблемот кој е регистриран уште пред десет години. Планирана е набавка на нов дизел-агрегат и на нови комплети на акумулаторски батерии од 220 волти и 48 волти еднонасочен напон со што ќе се изврши замена на старата опрема од 20 години која е од клучна важност за снабдување на објектот со електрична енергија за сопствени потреби. Во периодот мај-јуни ќе следат редовни ремонтни активности на електраната што е во согласност со електроенергетскиот биланс на државно ниво за оваа година. Во текот на целата година ќе се продолжи со редовно одржување на постројките, мониторинг на сите процеси во производството и реализирање на превентивно-профилактички испитувања на капиталните средства како што се турбините, генераторите, трансформаторите, разводните постројки како и браната – додава Ѓоко Ташев директор на ХЕЦ „Тиквеш“.

Ми.М