На компаниите од угостителството и туризмот им недостигаат 50 проценти од потребниот кадар, пред сè келнери, рецепционери, готвачи и помошници готвачи, покажуваат резултатите од интерната анкета која била спроведена од една од коморите, информира Синдикатот на угостителство и туризам, апелирајќи дека ситуацијата во угостителскиот сектор, што го претрпе најголемиот удар за време на пандемијата, е алармантна.
Од почетокот на кризата одредени податоци сугерираат дека од четири до 20 илјади вработени го напуштиле угостителскиот сектор, според СУТКОЗ, од каде што нагласуваат дека веќе предупредиле оти работодавците кои ја злоупотребуваат состојбата нема да бидат толерирани. СУТКОЗ затоа ги охрабрува вработените во овие сектори да ги пријават сите прекршувања на работничките права до СУТКОЗ и ССМ.