Малопродажните цени на бензинот еуросупер БС-95 и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 денар/литар, додека малопродажната цена на бензинот еуросупер БС-98 се намалува за 1,50 денар/литар.
Намалување од 0,50 денар/литар има кај малопродажната цена на еуродизел (Д-Е V).
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,751денар/килограм и сега ќе изнесува 35,930 ден/кг.
Од 24.8.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин еуросупер БС – 95 70,50 (денари/литар)
Моторен бензин еуросупер БС -98 72,00 (денари/литар)
Дизел гориво еуродизел БС (Д-Е V) 61,50 (денари/литар)
Масло за горење екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 61,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 35,930 (денари/килограм).