Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек 0,84 отсто во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени во согласност со одлуката од 10.2.2020 година.
Од ноќеска, малопродажните цени на „евросупер БС-95“, „евросупер БС-98“, „евродизел“ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемија 0,50 денари за литар и сега малопродажната цена на „евросупер БС-95“ изнесува 66,00 денари за литар, а за „евросупер БС-98“ изнесува 68,00 денари за литар, малопродажната цена на „евродизелот“ (Д-Е V) е 58,00 денари за литар.
Малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 46,50 денари за литар, а малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,246 денари за килограм и изнесува 33,140 денари за килограм.
Клучните фактори што влијаат на крајната цена во согласност со методологијата за формирање на цените е курсот на денарот во однос на доларот и референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар.
Во изминатиот седумдневен период референтните цени на нафтените деривати бележат зголемување, и тоа кај бензинот во просек речиси 0,35 отсто, кај дизелот зголемувањето е во просек приближно 1,19 отсто, кај екстра-лесното масло има зголемување во просек речиси 0,64 отсто, а кај мазутот има намалување во просек речиси 0,24 отсто, но земајќи го предвид растот на курсот на денарот во однос на доларот од 1 отсто во изминатиот седумдневен период, извршено е соодветно приспособување.