Компанијата „Тинекс“ в петок (29 октомври) во „Ист гејт мол“ ги отвора вратите на две нови продавници. Супермаркетот „Тинекс“ е на површина од 2.000 метри квадратни и е со нов концепт – комбинација од „Тинекс маркет“ и „Деликатесен Тинекс“, со што ќе биде прв од ваков тип на супермаркет на компанијата.
Во „Супер Тинекс“ ќе биде достапен широк асортиман од над 30.000 производи, од домашно потекло и производи од увоз, со што потрошувачите ќе имаат можност да вкусат прехранбени производи и пијалаци од различни краеви од светот. Во рамки на супермаркетот ќе има различни оддели како пиљара со богат избор на свежо сезонско овошје и зеленчук, како и јужно и егзотично овошје, органски производи, месарница снабдена со свежо телешко, јунешко и свинско месо, месни преработки, оддел за зреено месо, ексклузивна винарија, пекара во која ќе се подготвуваат свежо печени леб и бели печива, рибарница со голем избор на морски плодови и риби како и оддел со декорации и опрема за домот.
Како втор концепт е луксузната продавница на продажен простор од 300 метри квадратни на кој се изложени познатите мириси на парфемските куќи, „ниш“ брендови, селективна, декоративна и органска козметика и ексклузивен накит од најпознатите шпански и италијански дизајнери. Парфимеријата „Космо“ е најуникатната продавница за убавина во градот со над 10.000 производи за нега и убавина.
Како новитет во Македонија, „Тинекс“ за првпат за потрошувачите ќе постави каси за самoнаплата на кои потрошувачите брзо, лесно и сигурно во само неколку чекори ќе може да ги купат посакуваните производи. Со оваа иновација „Тинекс“ ги доближува потрошувачите до светските начини на пазарење.
По повод отворањето „Тинекс“ и „Космо“ подготвуваат многу атрактивни акции, промоции и изненадувања за сите потрошувачи, а ексклузивно за членовите на клубот „МОЈ ТИНЕКС“, ќе бидат организирани специјални понуди.
Погледнете ги сите акции на следните линкови за „Космо“ и за „Тинекс“.