• Почеток на СУМ ерата: Новиот „Опел Рокс-и“ (Opel Rocks-e) означува одржлива урбана мобилност
• Нова мобилност: „Опел СУМ“ го затвора јазот помеѓу скутер и патнички автомобил
• Мојот прв „Опел“: За млади од 15 години (со соодветна возачка дозвола)
• е-возило: Електричен опсег до 75 км според ВЛТП
• Лесно полнење: На секој приклучок за домаќинство
• Двосед: Кул дизајн со „Опел“ визирот и врати што се отвораат во спротивни насоки
Германскиот производител на автомобили „Опел“, денес го претставува првиот СУМ
Новиот Opel Rocks-e означува одржлива урбана мобилност (Sustainable Urban Mobility). Електричното возило со основно ниво на опременост, е одговор на тековните барања за мобилност, нудејќи електрична мобилност со заштита од ветер и дожд-прогресивен, смел и чист, типично „Опел“: во склад со времето дизајн. Со краткиот двосед од 2,41 метри, „Опел“ ја продолжува својата офанзива за електрификација.
Германскиот производител на автомобили го проширува своето портфолио на модели со електрично возило СУМ со батерија од „Корса-и“ што речиси секој возач може да си го дозволи, од млади почетници до урбани патници.
– Нашиот нов „Опел Рокс-и“ е бескомпромисен во секој поглед. Дизајнот е смел и чист, димензиите се екстремно компактни. Нашиот СУМ вози чисто на електрична енергија и цената е непобедлива. „Рокс-и“ овозможува паметна и функционална електрична мобилност за секого и ќе привлече големо внимание – вели шефот за продажба и маркетинг на „Опел“ Стивен Норман.
Мојот прв „Опел“: Паметна, екстра кул мобилност во градот
Новиот „Опел Рокс-и“ е едноставно различен; стилско мало возило за двајца без емисија на гасови што бара малку простор за маневрирање. Најдобро од сè, „Рокс-и“ е долг само 2,41 м, широк 1,39 м (без надворешни ретровизори) и тежи само 471 кг (вклучително и влечна батерија), што значи дека е официјално класифицирано како лесно моторно возило.
Паметниот билет на „Опел“ за влез во електричната мобилност нуди опсег до 75 км според ВЛТП, кој може да се помине до 45 км/ч. Ова го прави идеален за секојдневниот градски сообраќај-не само за младите возачи, туку и за оние кои сакаат да патуваат без емисија на штетни гасови и не сакаат да поминат долго време во потрага по паркинг место на нивната дестинација. Тркалата од 14 инчи и кругот на вртење од само 7,2 метри го прават „Рокс-и“ идеален за град, совладувајќи тесни свиоци и вклопувајќи се
во мали паркинг места.
Батеријата од 5,5 киловатчасови на „Опел Рокс-и“ може целосно да се наполни за околу 3,5 часа преку кој било стандарден приклучок за домаќинство. Придружниот кабел за полнење долг три метри е трајно сместен во СУМ и едноставно се извлекува од совозачката врата кога е потребно. „Опел“ нуди адаптер за полнење на јавна станица.
СУМ со стил: Вратите се отвораат во спротивни насоки и „Опел“ визирот
„Рокс-и“ го има новото лице на брендот „Опел“ визирот, вклучувајќи ЛЕД предни светла и индикатори. Вратите од двете страни се идентични што го подобрува неговиот смел и чист изглед. Совозачката врата се врти напред како и обично, додека возачката врата се врти наназад во спротивна насока.
Слични се и предните и задните панели на каросеријата.
Во внатрешноста, двете седишта се поместуваат така што совозачот има удобен простор за нозете, а возачот може да го помести седиштето по должина. Просторот за глава е доволен, дури и за луѓе високи над 190 сантиметри. И покрај компактните димензии, новиот „Рокс-и“ нуди волумен за багаж до 63 литри во просторот за патници, плус паметна кука за торба за пазарење со големина Икс-икс-ел.
Кокпитот ги исполнува барањата на модерната млада генерација: јасен и фокусиран на најважните работи. Екранот на прв поглед ја покажува брзината, режимот на возење (Drive, Neutral, Reverse), состојбата на полнење на батеријата, преостанатиот опсег и километражата. Практичните детали го вклучуваат држачот за паметни телефони сместен на централната конзола. Услугите како што е апликацијата „Мајопел“ (myOpel) обезбедуваат дополнителни практични информации.
Благодарение на компактните димензии и големите прозорци, возачите на „Опел Рокс-и“ уживаат во одличната прегледност. Осветлена, пријатна атмосфера во внатрешноста обезбедува стандардниот панорамски стаклен покрив – невообичаен за возило од оваа ценовна категорија. „Рокс-и“ е достапен во три карактеристични нивоа на оременост: како „Опел Рокс-и“, „Опел Рокс-и клуб” и „Опел Рокс-и“ „ТеКно”.
Името „Рокс“ има традиција кај германскиот производител на автомобили. До неодамна „Опел АДАМ Рокс“ и „Опел КАРЛ Рокс“ додадоа своја оригиналност на брендот-посебно опремени, со одлични теренски додатоци и затоа се подготвени за секојдневно возење низ урбаната џунгла.
Новиот „Опел Рокс-и“ е совршено поприлагоден за употреба низ градски улици. Чисто електричен, без штетни емисии и речиси тивок, новиот модел е одличен за грижа за животната средина.