Вчеравечер, во срцето на Скопје, со современ динамички перформанс, премиерно беше претставен комплетно новиот Рејнџ Ровер Евок, луксузен компактен СУВ, создаден за градот и надвор од него. Во урбана, модерна атмосфера, пред широк аудиториум, вљубеници во британската премиум марка и пријатели на „Аутомобили Груп“, вниманието на гостите беше комплетно задржано на сцената со најновата креација од Ленд Ровер.
Новиот Рејнџ Ровер Евок го постави Скопје рамо до рамо со светските метрополи и ги освои присутните. Во чекор со новото време, дизајниран е да ја задржи својата доминација со нова технологија и технички иновации кои првпат се вградуваат во СУВ сегменти асоцираат на поголемите модели од гамата на Рејнџ Ровер. Создаден е за да се вртат по него, со префинетост и софистицираност што досега не се видени кај луксузен компактен СУВ. Со раскошни природни материјали во внатрешностa на кабината, дизајнот ја следи стратегијата на редукција и смиреност.
Новиот Евок, како и сите возила на Ленд Ровер, е создаден да одговори на мотото – Above and Beyond – да се биде над сè во сѐ и повеќе од тоа, да се оди подалеку.
Во официјалниот дел од програмата на присутните гости им се обрати врвниот менаџмент од компанијата за да ги претстави деталите за овој урбан СУВ, кој со својот стил го обзеде и нашиот град.