НЛБ Банка го овозможи користењето на НЛБ мКлик – мобилното банкарство за физички лица и НЛБ мПроклик – мобилното банкарство за правни лица на платформата „Апгалери“, за корисниците на новите модели на Хуавеј мобилни телефони.
Достапноста на апликациите за мобилно банкарство за физички и правни лица и преку платформата „Хуавеј апгалери“ е од големо значење, бидејќи обезбедува поголема достапност на дигиталните сервиси и можност истите да ги користат сите клиенти на банката.
Апликацијата НЛБ мКлик за физички лица е достапна на следниот линк.
Апликацијата НЛБ мПроклик за правни лица е достапна на следниот линк.
НЛБ мКлик мобилното банкарство за физички лица и НЛБ мПроклик мобилното банкарство за правни лица имаат модерен и интуитивен дизајн и овозможувaат едноставен пристап до податоците и проверка на состојбата на сите сметки, во било кое време и од било кое место, без потреба од посета на Банката. Преку овие две апликации за мобилно банкарство, клиентите можат да се реализираат сите банкарски трансакции брзо и лесно само со еден клик без потреба од дополнителен уред токен. Воедно, НЛБ мКлик апликацијата ја нуди можноста за аплицирање на НЛБ мКлик кредит, како и онлајн отворање на трансакциска сметка директно преку мобилен телефон.
Апликациите НЛБ мКлик и НЛБ мПроклик овозможуваат директен пристап до Банката, постојан увид на состојбите и прометот на сите свои сметки, како и пристап до целата палета на продукти и услуги кои Баната им ги нуди на своите клиенти.
Повеќе информации во врска со оваа понуда клиентите можат да добијат на веб-страницатa на НЛБ Банка, на социјалните мрежи на Банката или преку контакт центарот на телефон 02/15 600.