Министерството за образование и наука (МОН) и Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), на денешниот состанок не постигнаа договор за износот од покачувањето на платите на просветните работници. Министерот Арбер Адеми изјави дека на средбата биле разгледани повеќе опции, а преговорите ќе продолжат и наредната недела.
– До крајот на неделата повторно ќе имаме работен состанок. Она што го постигнавме досега е за поздравување – рече Адеми.
Претходно СОНК го одби предлогот на МОН и Владата за зголемување на платите во образованието и науката за 10 отсто, почнувајќи од април 2020 година. СОНК најави дека ако не им се исполнат барањата, ќе одат на штрајк од 11 ноември.