На почетокот од основањето на Народна Република Кина, во 1949 година, сиромаштијата и заостанатоста биле основна ситуација во земјата. Потоа, под раководството на Кинеската комунистичка партија и Владата, луѓето од разни етнички групи низ целата земја работат за развојот на економијата и искоренување на сиромаштијата и постепено остваруваат заеднички просперитет. Особено од Осумнаесеттиот национален конгрес на Комунистичката партија на Кина, одржан во октомври 2012 година, борбата против апсолутната сиромаштија е почната сеопфатно и сериозно. Како резултат на тоа, од 2013 до 2019 година, секоја година, повеќе од десет милиони луѓе беа извлечени од апсолутна сиромаштија. Целта на Кина е до 2020 година, сите рурални сиромашни луѓе од 832 окрузи да се извлечат од апсолутна сиромаштија. Тие ја претставуваат регионалната целокупна сиромашна ситуација, а со решавањето на овој проблем, Кина создаде чудо за намалување на сиромаштијата со кинески карактеристики во историјата.
Прво, одлучно ќе се бори против апсолутната сиромаштија
Во ноември 2012 година, претседателот Ши Џинпинг истакна: „Сфаќањето на големото подмладување на кинеската нација е најголемиот сон на кинеската нација во модерните времиња“. Кинескиот сон собира величествени сили. За да се постигнат социјалистичка модернизација и големо подмладување на кинеската нација, кинеската комунистичка партија ги разработи плановите, чекор по чекор ќе се промовираат проблемите со храната и облеката на сиромашните луѓе, за да се постигне општество со добростоечко ниво. Плановите за развој беа составени на почетокот на основањето на Нова Кина. Сега се спроведени 13 петгодишни планови. На петтата пленарна сесија на 19-от централен комитет на Комунистичката партија на Кина, одржана во октомври 2020 година, беше разгледан и одобрен 14-от петгодишен план, и покрај овој план кинеската нација ќе започне ново патување на градење модерна социјалистичка земја и општество на добростоечкото ниво во сите погледи.
За да ја реализира целта за целосната изградба на умерено просперитетното општество до 2020 година, претседателот Ши Џинпинг го постави искоренувањето на апсолутната сиромаштија во прв план. Заедно со луѓето од разните етнички групи, тој ја организира и ја спроведува најголемата и најсилна битка за намалување на сиромаштијата во историјата на човештвото. Особено пред сериозните предизвици од коронавирусот и економското забавување од пандемијата во 2020 година, Кина ја завршува својата цел за намалување на сиромаштијата и е десет години порано во споредба со распоредот од Обединетите нации за искоренување на апсолутната сиромаштија, кој е најголем придонес на Кина во глобалното спроведување на Агендата за одржлив развој во 2030 година.
Второ, примена на подобри решенија за концептот за намалување на
сиромаштијата и подобрување на системот на управување
Без реализација на сеопфатно добростоечко општество, националното подмладување ќе биде невозможно. Претседателот Ши Џинпинг ги постави новите барања, дека никој не смее да заостане на патот кон заедничкиот просперитет. Исправен на нова и повисока почетна точка, претседателот Ши Џинпинг јасно го истакна придржувањето кон концептот за развој насочен кон луѓето, темелно го спроведува новиот развоен концепт за иновации, координација, озеленување, отвореност и споделување и се стреми да ги направи резултатите од развојот да бидат правилно распределени за целиот народ.
Да се изгради умерено просперитетно општество на сеопфатен начин според распоредот, она што е поважно и потешко е сеопфатност. Изработени се осумгодишен план, карактеризиран со точно помагање на сиромашните луѓе, и петгодишен план за крајната победа над сиромаштијата. Во текот на борбата беше оформен систем со јасни одговорности, хиерархиски, одгоре надолу, прецизна идентификација на сиромашните семејства, систем за гаранција за човечки и капитални средства, вклучувајќи и систем за надзор и процена на работата, со кој се формира комплетна логика на системот за отстранување на сиромаштијата.
Трето, придржување кон прецизни стратегии и зајакнување на институционалните механизми
Конкретната цел за целосната елиминација на апсолутната сиромаштија до 2020 година и градење добростоечко општество на сеопфатен начин е да се постигнат „две гаранции“: според сегашните стандарди, да се осигури дека руралните сиромашни ќе излезат од мизеријата; а втората е да се осигури дека сите сиромашни окрузи исто така ќе бидат ослободени од сиромаштија. Елиминирањето на апсолутната сиромаштија означува стабилно реализирање на „задоволување на концептот на две основни потреби без грижа и добивање три гаранции“ – да не се грижат за храна и облека и да има гаранции за задолжителното образование, основната медицинска нега и домување.
Претседателот Ши Џинпинг истакна дека „за да се постигнат извонредни работи, се потребни извонреден дух и акција“. Врз основа на оваа идеја, беа потпишани писма за одговорност од централно на локално ниво за елиминација на сиромаштијата, партиските и владините лидери да ја преземат целокупната одговорност. Воспоставени се специфични институции за реализирањето на задачата од разни нивоа, намалувањето на сиромаштијата беше впишано во стратегискиот план за економски и социјален развој на Владата, ефектот на работата беше вклучуван како процена на перформансите за сите кадри. Освен ова, продлабочена беше и имплементацијата на соработката за намалување на сиромаштијата во централните и западните региони. Во таа насока беше назначена помош од централната единица и беа избрани повеќе од три милиони кадри за помош во селата. Фокусот е поставен на градење на структурата во целата влада и целото општество за намалување на сиромаштијата, ефикасно комбинирање на владините сили со пазарните сили, да се игра улогата на капиталот во поддршката на развојот на областите погодени од сиромаштија, привлекување социјални фондови за учество во намалување на сиромаштијата и стремеж да се надмине „последниот километар“ за искоренување на длабоката сиромаштија.
Четврто, поддржувањето на идејата народот е над сѐ
Дали луѓето можат да имаат среќен живот, секогаш е приоритет во срцето на претседателот Ши Џинпинг. Тој истакна дека клучот за елиминација на сиромаштијата е дека мора да се помогне на луѓето да се зајакне внатрешната мотивација, да се промовираат концептите на „аспирација“ и „интелигенција“, кои означуваат подобрување на способноста да заработуваат самостојно. Со континуираното зголемување на инвестициите во човечки капитал, во образование, обука и медицинска нега, да ги стимулираат сиромашните за учество во економски активности, за да добиваат стабилен приход. Особено вреди да се напомене дека Кина вложи големи напори да го намали влијанието на сиромаштијата врз развојот на децата, преку обезбедување на планот за доставување квалитетна исхрана на децата и програма за унапредување на предучилишното образование во сиромашните области, особено во сиромашните планински области, за да го блокира меѓугенерациското пренесување на сиромаштијата. Постојано создава можности за вработување, обезбедување субвенции за работна сила и производство, за да се реши проблемот од корен.
Никој не смее да заостане на патот кон намалувањето на сиромаштијата. Длабоката сиромаштија е најтешкиот товар во намалувањето на сиромаштијата. Во јуни 2017 година, претседателот Ши Џинпинг одржа специјален состанок и истакна дека „надминувањето на длабоката сиромаштија е задача што мора да се заврши за да се добие битката против сиромаштијата“. Мора да го промовира регионалниот развој, да ги обезбедува проектите за помош до секое село и до секое домаќинство, да се гради инфраструктурата и да се развива индустријата. Во согласност со спроведувањето на проектот „пет групи“, значи да се извлече група луѓе од сиромаштијата преку развој на производството, преку преместување во побогати места, преку обезбедување екокомпензација, преку образование и преку социјално осигурување, за да се обезбеди дека нема да остане ниту едно сиромашно семејство на патот кон намалувањето на сиромаштијата.
Претседателот Ши Џинпинг истакна дека „да се тргне апсолутната сиромаштија не е крај, туку претставува нов почетокот на животот“. Соочена со предизвикот од пандемијата, исто така и со нестабилноста на светската економија, по победата на Кина во намалувањето на сиромаштијата, треба да продолжи да се промовира развојот на земјава од намалување на сиромаштијата на ревитализирање на селата. Да се консолидираат и прошируваат достигнувањата за намалување на сиромаштијата и да се избегне враќањето во сиромаштија. Кина е подготвена да го сподели искуството во сферата со другите земји во светот и да придонесе со кинеската мудрост и начините за решавање на проблемите, за подобрување на глобалната благосостојба и одржлив развој во иднина.
Авторот е амбасадор на Народната Република Кина во Македонија