НА 25 ФЕВРУАРИ 2021 ГОДИНА, ЛАВОТ„ПЕЖО“ СТАНУВА ПОГЛАСЕН!

Најстариот постоечки автомобилски бренд во светот ја потврдува својата личност и својот карактер со новото лого, вртејќи нова страница во својата историја

На 25 февруари 2021 година, „пежо“ го претстави своето ново лого: грб со ликот на лав. „Пежо“ од 1850 година има десет последователни логоа, од кои сите се со амблемот на лав. Денес единаесеттата верзија, уште поедноставна, поквалитетна и поелегантна, штотуку креирана од „Пежо дизајн лаб“, студиото за глобален дизајн на брендот „пежо“.

Лансирано во 2010, моменталното лого мораше да се промени со цел да се круниса
издигнувањето на брендот повисоко на пазарот. Откако целосно ги обнови своите возила во последните 10 години, „пежо“ го редизајнира своето лого за да биде во чекор со своите производи.

На почетокот на 2021 година, со лансирање на гамата што ќе ја предводи новиот „пежо 308“, со нова веб-страница и создавањето на „СТЕЛАНТИС“, ѕвездите се поклопуваат.

„Пежо“ е бренд кој е во чекор со времето. Тој е дури чекор понапред, ги следи иновациите, предвидува промени во начинот на работа и отвора пат за нови решенија за мобилност.

„Пежо“ го доживеа искуството на сите револуции: индустриска, технолошка, политичка, социјална, дигитална и сега еколошка – енергетската транзиција и мобилност со нула емисија на јаглероден диоксид кои се во центарот на стратегијата за одржлива иднина. Сето ова ја формира пежовата ДНК.

На „Пежо“ како моќен и инстинктивен Бренд, совршено му прилега својот амблем: лавот. Ова го прави „пежо“ безвременски бренд, со постојана конекција помеѓу минатото и иднината. Во текот на последните 10 години, целата производствена гама се издигна неверојатен чекор напред.

Ова е успехот што е постигнат: „Интернационално комерцијално возило на годината“ со „пежо и-експерт“ во 2021 година и „Партнер“ во 2019 година и три признанија „Автомобил на годината“ („пежо 308“ избран во 2014 година, „пежо 3008“ во 2017 година и „пежо 208“ во 2020 година). И пред сè, електрифицирана гама, како за патнички, така и за лесни комерцијални возила.

Оваа високовреднувана промена на пазарната позиција, сега е усовршена работејќи на дизајнот на самиот бренд. Новото лого е олицетворение на она што „пежо“ значеше вчера, што значи „пежо“ денес, и што „пежо“ ќе значи утре…

Овој нов грб со ликот на лав отсекогаш бил дел од брендот. Гордо зрачи и ги истакнува
вредностите на брендот „пежо“. Ова лого е дизајнирано да трае. А неговото значење е следно: безвременска, универзална и мултикултурна форма на идентитет. Од африканските племиња до големите куќи во Франција и Европа, грбот претставува симбол на неговиот носител, со цел подобро да се идентификува.

Тоа е препознатлив симбол на припадност, на признавање. Тоа е синоним за престиж, доверба, долговечност и потекло. Со него и својот нов визуелен идентитет, „пежо“ ја спојува историјата и хипер-модерноста. Со овој грб, брендот „пежо“ се стреми да освои нови земји, да го забрза својот меѓународен раст, извезувајќи француски стил и знаење, како и француска елеганција.

Брендот „пежо“ врти нова страница во својата историја. Нова ера. Сега има нова задача и одговорност кон своите клиенти: да го трансформира нивното време поминато со брендот, во квалитетно поминато време.

Да се доживее новиот идентитет на „пежо“, значи да се доживеат две искуства во едно:
Прво, тоа значи да се живее во моментот. Во свет кој постојано се движи сè побрзо и побрзо, „времето“ стана еден од најретките, најскапоцени благодети.

Во овој свет, „пежо“ им овозможува на оние кои сакаат да го сторат тоа, вистински да уживаат во сегашниот момент и да го искористат сето она што го нуди, да се има целосно, висококвалитетно искуство.

Возилата, импортерите/дилерите, производите, веб-страните, комуникациите, надворешните реклами… Сите овие елементи се контактни точки со брендот што се поставени и усогласени во рамките на еден, разбирлив и мултифункционален систем.
Што се однесува до веб-страницата, полека прераснува во „онлајн продажба“, директно
поврзувајќи се со корисниците.

Едноставна, ефективна, интуитивна, извонредна, високо визуелна, динамична и деловно ориентирна, овозможува совршено флуидно искуство при продажба. Нејзините  карактеристики Ви овозможуваат да сторите сè што вообичаено би направиле кога сте во продажниот салон, но овој пат oн-лајн: откривање, конфигурација, продажба, договори, финансирање, замена старо за ново итн. Времето поминато онлајн, со „пежо“, е корисно и ефективно.

Што се однесува до импортерите/дилерите, сега претставуваат место за уште почовечно, уште повизуелно и уште поедукативно искуство. Целта е да се доживее забрзување на енергетската транзиција во конкретни услови, за да се откријат нови опции за мобилност и нови технологии.

Времето поминато во продажен салон на „пежо“ е висококвалитетно искуство каде може да ја предвидите иднината. Затоа, веб-страницата и импортерите се надополнуваат едни со други и ја унапредуваат гамата за да го претворат Вашето време поминато со „пежо“ во квалитетно поминато време.

„Пежо“ ја создаде својата прва кампања на брендот во изминативе 10 години: „THE LIONS OF OUR TIME“ (Лавови од нашето време). Преку оваа оптимистичка интернационална кампања, „пежо“ ги поврзува и своите клиенти и потенцијалните клиенти. Брендот зазема нова универзална територија: време.

Ги слави денешните лавови, од сите возрасти, култури и потекла. Оние „ЛАВОВИ ОД НАШЕТО ВРЕМЕ“, кои повеќе не се во потрага по моќ или пари, туку во потрага по
„квалитетно време“. Преку кампањата на брендот „THE LIONS OF OUR TIME“, „пежо“ има за цел да ги поттикне клиентите да го поседуваат своето највредно богатство: своето време.

Брендот има за цел да го претвори нивното време во квалитетно време, со збогатено искуство. Како иновативен, висококвалитетен генералистички бренд, „пежо“ овозможува забавно искуство како при oнлајн искуството така и во самите возила и кај своите импортери и дилери.

Бидејќи искусување на брендот „пежо“ не е ограничено на дилери/импортери или веб-страна, брендот лансира нова колекција потребна во Вашето секојдневие која е едноставна, привлечна и квалитетна: облека, кожни производи, модни додатоци, електронски додатоци, канцелариски материјал, амбалажи, минијатури и макети… тоа е цел еден Универзум на „пежо“ кој е во согласност со новиот индендитет на брендот.

Овој нов идентитет го отвора патот кон екосистемот на брендот кој не е ограничен само на неговиот визуелен идентитет. Во себе носи подлабока промена. Промена на ставот; нова состојба на умот; нов животен стил.

Целта на „пежо“ е да им понуди на своите сегашни и идни клиенти еден бренд што секогаш ги исполнува нивните барања.

Брендот „пежо“ е безвременски.
Бренд кој се открива повторно, одново и одново.