Среде пандемијата политичарите повикуваат на реосмислување на глобалните синџири на снабдување. Бран на политичари се соедини против наводните недостатоци во глобалните синџири на снадување и ветија враќање на домашната продукција на неопходните намирници, пишува „Форин полиси“.
Во САД, администрацијата на Доналд Трамп наводно ги забрзува плановите да ги прекине синџирите на снабдување со Кина и дебатира за нов фонд од 25 милијарди долари за да ги охрабри американските компани да го вратат производството во САД. И претседателскиот кандидат Џо Бајден даде идеја како неговата администрација ќе се справи со недостатоците во синџирите на снабдување. Во меѓувреме еврокомесарот за трговија, Фил Хоган, смета дека Европа исто така треба да изврши диверзификација на синџирите на снабдување за да промовира „стратешка авгономија“, иако таа не значи самоодржливост. Јапан можеби делуваше најконкретно, објавувајќи нов фонд за помагање на јапонските фирми кои ќе го преместат производството од Кина. Досега 87 компании ја прифатија владината понуда. А Јужна Кореја разгледува слични идеи.
Многумина аналитичари се скептични дека таквите планови за деглобализација ќе успеат. Тие со право забележуваат дека привлеремените синџири на снабдување се исклучително комплексни и дека претставуваат исход од милиони индивидуални некоординирани одлуки на компаниите. Сите обиди за одмотување на овие процеси ќе бидат гломазни и скапи. Иако ковид-19 им даде причина на компаниите да ја разгледаат трговската размена во поглед на ефикасноста и одржливоста на нивните врски со добавувачките, ова не значи дека ќе прифатат владата да им се вмеша во проценките. Досегашните извештаи покажуваат дека компаниите низ светот не се заинтересирани за обидите на нивните влади да ги оттргнат од Кина.
Скептиците се во право дека повторното осмислување на синџирите на снабдување ќе биде тешко и дека не треба да се очекува оти фирмите ќе се потчинат на желбите на политичарите, особено бидејќи тоа се коси со нивните принципи. Но, владите имаат повеќе моќ во преместување на синџирите на снабдување отколку што се смета. Сегашниот облик на глобализација е политички избор, а другите „светови“ уште се возможни заклучува „Форин полиси“.
Мрежата на надворешни добавувачи би била поотпорна и способна подобро да одговори на шокови и непредвидливи ситуации откако концентрирана мрежа од домашни снабдувачи. Но ова не е причина за откажување од деглобализацијата туку за правење на неопходните инвестиици во државните капацитети што би им овозможиле на владите подобро да менаџираат со глобалните синџири. Со поголема грижа, владите можат да ги обликуваат синџирите на снабдување да бидат поотпорни и подобро подготвени за следната криза.