Цената на биткоинот на 21 октомври достигна досегашен максимум од 66 илјади долари. Со тоа, вредноста на криптовалутата годинава се зголеми за 100 отсто, со што само минатиот месец „скокна“ за преку 30 отсто.
Годинава беше исполнета со позитивни промени за најстарата криптовалута. Инвеститорите и компаниите сѐ повеќе даваат поддршка за биткоинот. Компанијата на Илон Маск, „Тесла“, ја поттикна вредноста на биткоинот на почетокот на годинава, откако соопшти дека купила биткоини во вредност од 1,5 милијарда долари.
И компанијата „Мастеркард“ исто така објави дека планира да ја поддржи криптовалутата на своите платформи. Технолошкиот гигант „Апл“ откри дека ќе поддржува исплата со криптовалути на платформата „Апл пеј“.
Од друга страна, втора причина за растот на биткоинот претставува интересост на малите инвеститори кои влекуваат на пазарот на криптовалути, бидејќи не сакаат да пропуштат нова прилика за инвестирање на дигиталниот пазар. Покрај тоа, достапноста до криптовалутите е сѐ помала, бидејќи трошоците за „копање“ стануваат повисоки, што исто така го поттикнува растот на цените.