За време на пандемијата без работа останале околу 15.000 лица во Македонија, истакна министерот за економија, Крешник Бектеши, повикувајќи се на информации од Агенцијата за вработување.
Одговоарајќи на новинарско прашање, Бектеши рече дека не верува оти враќањето на дијаспората го зголемува бројот на невработени, ниту пак, досега имал увид во такви анализи.
– Според анализите што ги добивам јас и Владата, работни места што се изгубени во пандемијата се околу 15.000, согласно податоците на Агенцијата за вработување. Не сум видел анализи во насока на тоа дека дијаспората го зголемјува бројот, но имало наши сограѓани кои биле дел од сивата економија – рече Бектеши по потпишувањето на Меморандумот за соработка помеќу СКЗМ и Министерството за економија.