Меѓународен економски форум „Перспективи”, Меѓународен клуб на лауреати „Создавачи за векови”, Мрежа на млади претприемачи 4Е – Економија, Енергија, Екологија, Европа 2050” и Меѓународниот комитет за доделување награда и признание од Република Хрватска, „Создавачи за векови”, на Еуролинк осигурување му додели „Награда и признание за придонес во развојот на претприемништвото во Средна и Југоисточна Европа во 2018 година“.
Воедно, Меѓународниот комитет, анализирајќи го работењето на компанијата во 2018 година, територијалната застапеност и достапноста на услугите донел одлука да додели уште 2 престижни награди и тоа: “Голема награда и признание за придонес во развојот на претприемништвото во СЈИ Европа за 2018 година” лично на претседателот на Надзорен одбор на Еуролинк осигурување, Олга Костовска и уште една ваква награда на претседателот на Управен одбор на Еуролинк осигурување, Марија Томеска.
– Нашиот Еуролинк, континурано расте и јакне што е резултат на несебични залагања на сите вработени, способноста на менаџерскиот тим и довербата на сите наши ценети клиенти и соработници. Оваа награда им припаѓа на сите кои веруваат во внатрешните капацитети на компанијата, кои со голема доверба и лојалност ни ја доверуваат заштитата на највредните нешта во животот. Голема е одговорноста која ни е дадена и со сета наша волја, сила и желба да го подобриме животот на сите околу нас продолжуваме во остварување на оваа голема визија. Да испишеме заедно уште многу успешни приказни – изјави Олга Костовска, претседател на Надзорен одбор на Еуролинк осигурување.
– Признанието е потврда за уникатноста на стратегијата и способноста на Еуролинк да креира долгорочен и здрав раст, фокусиран на воведување нови продукти и иновации во услугата. Во тоа светло компанијата го гради своето реноме: финансиски стабилна и иновативна на пазарот со уникатни продукти и услуги. Како во изминативе 16 години, така и во иднина фокусот на нашиот тим ќе биде насочен кон подобрување на квалитетот на живеење на сите граѓани. Оваа награда е само потврда дека сме на вистинскиот пат – изјави Марија Томеска, претседател на Управен одбор на Еуролинк осигурување.
Трите награди ќе бидат доделени на 6-от Регионален Самит на претприемачи во Средна и Југоисточна Европа „300-те Најдобри” во март, во Дубровник, Република Хрватска.