Германскиот сектор за рециклирање очекува нови деловни можности по одлуката на кинеските власти за забрана на увоз на пластичен отпад бидејќи суровините добиени со рециклажа и наменети за индустријата за преработка на пластика и натаму се многу барани.
Од 1 јануари во Кина стапи на сила забраната за увоз на пластика и друг отпад за потребите за рециклирање.
– Кина ја затвори својата врата за пластичен отпад, но суровините добиени со рециклирање и наменети за индустријата за преработка на пластика и натаму се многу барани, па дури и во Кина – вели Томас Пробст од сојузното Здружение за секундарни суровини и отпад на саемот во Минхен.