Вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев денеска и утре во Берлин ќе учествува на Четвртиот самит за енергетска транзиција и дијалог за обновливи извори во енергетска безбедност што го организира германската Влада.
Анѓушев ќе се обрати на денешната попладневна сесија на тема „Придонес на обновливите извори во енергетската сигурност“.
Покрај тоа, планирано е да оствари и средби со министри за енергетика кои ќе присуствуваат на самитот.