„Вип“ ја објави најновата, атрактивна промоција во мобилната пост пејд телефонија со која корисниците покрај можноста за неограничена комуникација добиваат и промотивен пакет од дополнителни 100 ГБ, интернет кој го активираат еднаш, а може да го користат до крајот на годината, a со тоа добиваат и можност за непречено сурфање и по искористувањето на месечниот интернет сообраќај вклучен во тарифен модел.
Оваа атрактивна промоција корисниците можат да ја добијат доколку изберат еден од новите тарифни модели од „Vip Neo“ тарифното портфолио, кои соодветствуваат на нивните побарувања и комуникациски потреби.
Со комбинација на новите „Vip Neo“ мобилни тарифи со новите „Vip Combo Neo“ фиксни тарифни пакети, корисниците добиваат комплетно решение за својот дом. „Vip Combo Neo“ тарифните пакети овозможуваат телевизија на различни локации со „Vip Now“, кристално јасна слика со голем број на HD-телевизиски канали и богата филмска содржина, интернет со брзини до 100Mbps, бесплатна фиксна линија со неограничени разговори кон сите национални фиксни мрежи и до 3 мобилни линии со дополнителен попуст на претплатата.
-Денеска ја потврдуваме нашата заложба да креираме и нудиме производи и услуги што носат уште повеќе вредност за нашите корисници. Живееме во дигитална ера во која потребата за што повеќе интернет е се поприсутна. Новата промоција со која корисниците добиваат дополнителни 100 ГБ мобилен интернет е одговор на токму таа потреба за неограничена и безгрижна комуникација. Со ова Vip обезбедува врвно корисничко искуство и дополнителна вредност на нашите производи што оваа понуда ја прави единствена на пазарот – изјави Мислав Галер, извршен директор на „Вип“.
Дополнителните 100 ГБ мобилен интернет се достапни за сите корисници кои ќе ги изберат тарифните модели „Vip Neo M“ или „Vip Neo L“ и истите ќе може да се користат до крајот на декември 2018 година. Со „Vip Neo М“ корисниците добиваат неограничени разговори и СМС пораки кон сите национални мрежи како и 5 ГБ интернет со 4Г брзина. „Vip Neo L“ содржи неограничени разговори и СМС пораки кон сите национални мрежи, 10 ГБ интернет со 4Г брзина и 50 минути меѓународни разговори.