Велика Британија најави дека ќе ги намали субвенциите за купување на хибридни автомобили во рамки на пренасочувањето на фокусот на електрични модели.
Купувачите на возила кои испуштаат помалку од 50 грама јаглерод диоксид по километар, во иднина ќе добиваат 3.500 фунти субвенции, 22 отсто помалку отколку досега.
Купувачите кои испуштаат до 75 грама ЦО2 по километар повеќе нема да добиваат субвенции.
Планот стапува на сила во ноември.