Излегувањето на Велика Британија од Европската Унија, ако се спроведе според условите на предложениот договор, ќе резултира со четири отсто намалување на бруто-домашниот производ (БДП) до 2030 година, што е еднакво на загуба од 100 милијарди фунти годишно, јави Би-Би-Си, повикувајќи се на податоците на Националниот институт за економски и социјални истражувања. Сумата е еднаква на загуба 1.090. фунти годишно за секој граѓанин на земјата.
– Основните податоци укажуваат дека ако предложениот договор за Брегзит се спроведе на таков начин што Велика Британија ќе ја напушти царинската унија и единствениот пазар на ЕУ во 2021 година, до 2030 година БДП ќе се намали за 4 проценти од нивото на кое би било ако Британија останеше во ЕУ – се вели во истражувањето.
Експертите наведуваат дека причините за таков резултат ќе бидат главно проблемите во услужната дејност, што тој сектор ќе го направат помалку атрактивен и на крајот ќе доведе до намалување на инвестициите од ЕУ и намалување на ефикасноста на британските работници.
Авторите на студијата, исто така ја истражувале можноста за напуштање на ЕУ без договор. За Обединетото Кралство оваа опција е уште поскапа – БДП ќе се намали за 5,5 отсто или 140 милијарди. фунти годишно.