Германскиот производител на автомобили „БМВ“ отповика денеска 312.000 свои автомобили во Британија заради загриженост за можно целосно гасење за време на возење, јави британскиот сервис Би-Би-Си.
Возилата што се повлечени се БМВ серија 1, серија 3, Зет 4 и Икс 1 моделите на бензин и дизел, произведени меѓу март 2007 и август 2011 година.