Регистрација на ДДВ-обврзници
Од 1 јануари стапи во сила нов праг за ДДВ-обврзници во износ од 2 милиони денари. Заклучно со 15 јануари, сите правни или физички лица кои во 2019 година имале промет под 2 милиони денари, а се регистрирани како ДДВ-обврзници, имаат можност да се дерегистрираат од Регистарот на ДДВ-обврзници. Оние кои во 2019 година имале промет над 2 милиони денари, а не се регистрирани, треба да се регистрираат како ДДВ-обврзници.
Пријавите за регистрација може да се достават по пошта, лично до Регионалната дирекција на Управата за јавни приходи, во согласност со седиштето или живеалиштето на даночниот обврзник или по електронски пат.
Кина се обидува да ја заживее економијата
Централната банка на Кина презеде чекори во насока на подобрување на ликвидноста во економијата, со намера да го спречи забавувањето на порастот на економијата во 2020 година. Народната банка на Кина им дозволува на комерцијалните банки да задржат помалку капитал како резерва, ослободувајќи околу 800 милијарди јуани (87 милијарди фунти) во нови средства за заеми.
Овој потег значи дека банките можат да позајмуваат поголем дел од своите штедачи за да ја поддржат економијата.