Не навлегувам во тоа дали руската блокада за праските е политичка одлука или не, но ако Русија продолжи со ваквите мерки, Македонија ќе бара други пазари како што се Европската унија со која најмногу соработуваме и државите од регионот, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши.
Одговорајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата за Програмата за конкурентnост, Бектеши напомена дека секоја држава има право да донесува свои одлуки.
-Македонија е насочена кон НАТО и ЕУ, а ако Русија става блокади, ќе бараме нови пазари. Имајќи предвид дека најмногу соработуваме со ЕУ која е и нашиот трговски партнер, како и со нашите соседи, ќе најдеме други пазари, истакна Бектеши.