Дијамантската градина на Адора во Скопје се најде на првите фотографии од Македонија, објавени на престижните инстаграм профили @arc.only и @design.only , што исклучиво третираат ремек дела од областа на архитектурата и дизајнот. Инстаграм објавите за овој атрактивен објект ја приклучи Адора инженеринг и нејзината Diamond Garden во светската елита на признаени достигнувања од архитектурата и дизајнот.
Објавените инстаграм фотографии од влезниот дел на македонската Дијамантска градина се дополнети со текст за резиденцијалниот објект кој го воведе Boutique концептот на недвижности во Југоисточна Европа, за што тој во 2018-та ја доби интернационалната награда од Светската маркетинг организација. Во информациите со хаштази од типот #architecture, #design, #urban, #buildings, #arts и #mysweethome е потенцирано дека двата атриуми на објектот се декорирани со 5,5 тони зеленило, поради што тој е најголема внатрешна градина за зелено домување во Европа.
Ентериерот на Diamond Garden, проектиран од искусниот архитектонски тим на Адора инженеринг во соработка со Завар Дизајн, е оценет како нереален спој на зеленило, бакар, бронза и керамика со модерен дизајн според последните трендови на светската урбана архитектура.
За објектот, добитник и на највисоката национална награда од министерството за економија за заштита на животната средина и на наградата од ООН за предводник во остварување на целите за одржлив развој, објавите на престижните светски инстаграм профили за архитектура и дизајн се уште една афирмација на високиот стил, квалитет и дизајн на градбите на Адора инженеринг и на високата репутација што компанијата ја ужива на домашниот и интернационалниот пазар на недвижности.