Британската нискотарифна авиокомпанија „Изиџет“ загубила 15 милиони фунти(19 милиони долари) за само 36 часа од патничкиот хаос што беше предизвикан од дроновите забележани над лондонскиот аеродром Гетвик во декември минатата година.
Од оваа британска авиокомпанија е соопштено дека тоа пореметување погоди 82.000 патници и предизвика откажување на над 400 летови на „Изиџет“ во пресрет на Божик, пренесува Ројтерс.