Македонија во бугарскиот стратегиски контекст за 21 век
Во последниов период некои од македонските аналитичари се обидуваат да го наметнат ставот дека Бугарија како држава, нација и општество нема јасна визија ниту конкретна стратегија во однос на Македонија. Според нив, постои впечаток дека бугарската политика е импровизирана, без планска активност насочена кон македонскиот народ. Но ваквите тврдења не ја одразуваат реалноста. Доказ за спротивното е анализата на проф. д-р Радко Начевски, објавена во 2001 година, под наслов „Бугарија во бугарскиот стратегиски контекст за 21 век“. Во тој текст, Начевски, кој денес веќе не е меѓу нас, ја разгледува т.н. „Национална стратегическа програма број еден“ на Научниот центар за бугарска национална стратегија. Тој јасно укажува дека документот има цел да ја насочи бугарската политика кон формулирање национална доктрина за 21 век, која би служела како основа за остварување на „националниот идеал“ и „националните интереси“ во временска рамка од 10 до 30 години. Меѓу другото, во анализата се нагласува дека бугарската држава пред меѓународната заедница и дипломатските кругови мора јасно и недвосмислено да ја истакне својата позиција: неоснованоста и неприфатливоста на признавање на македонскиот јазик и македонската заедница. Дополнително, се инсистира дека Бугарија треба да поставува прашања за целосно усогласување со европските норми, но во контекст на „националните права на Бугарите во Македонија“. Оттука, денешните барања за промена на македонскиот устав, како и континуираното негирање на македонските национални особености, не се случајни ниту изолирани појави. Тие се дел од долгорочна стратегија чија суштина е насочена кон систематско поткопување и ништење на македонскиот национален идентитет. За овие опасности д-р Радко Начевски предупреди уште пред повеќе од две децении – предупредување што денес се покажува како претскажувачко и актуелно. Денеска го претставуваме второто продолжение од фељтонот на профeсор д-р Радко Начевски.
Бугарите во Република Македонија
Како што ce потенцира во БНД, Република Македонија е создадена по распаѓањето на СФР Југославија во 1991 година. Веднаш по создавањето на македонската државотворност, бугарската држава презела смел национално одговорен чин – прва да ja признае Република Македонија. Таквиот чин бил во функција на заштита на нејзината територијална целокупност и државен суверенитет. Во тој контекст ce издвојуваат четири поднаслови, во кои не само што ce презентираат „аргументи“ туку ce детерминираат иницијативи и решенија со стратегиска конотација:
1. Политички реалности
Во овој поднаслов ce тврди дека „до 1944 година населението на Р Македонија секогаш ja манифестирало својата приврзаност кон бугарската нација. Тој факт добро им е познат на светската наука и политика“. Понатаму ce наведува дека во 1945 година ce создава HP Македонија во рамките на ФНР Југославија врз основа на „воинствениот антибугарски македонизам (подвлекол H.Р.)“. Југословенската комунистичка партија го фундаментирала создавањето на „македонската нација“ и „македонскиот јазик“ врз основа на решението од 1934 година. Оттука, како што следува понатаму, ce „создава основа да ни ce фалсификува историјата, да ce негира бугарскиот карактер на јазикот, културата и традициите“.
За меѓусоседските односи, какви што ce, „аргументите“ во овој дел од БНД тврдат дека за нив е виновна „Р Македонија, која ja продолжува старата југословенска политика на тотална конфронтација со Р Бугарија. За развојот на нашите меѓудржавни односи, таа како претходен услов го поставува признавањето на „македонскиот јазик“ и „македонската нација“ во рамките на „Р Македонија“. Од тој аспект, најекстремен, најперфиден и најсуптилен е бугарскиот доктринарен став, извлечен од претходно наведениот „аргумент“ што бугарската доктрина го користи како тврдење за македонски агресивен настап (прикривајќи ja сопствената агресивност) пред меѓународната јавност, дека „тие барања ce претпоставка за територијални претензии кон Р Бугарија и Р Грција“.
2. Политички права
За политичките права на Бугарите во Р Македонија, авторот останува без коментар, со тоа што на читателскиот аудиториум му остава простор за индивидуални расудувања и заклучоци. Од БНД ќе бидат експлицирани, во изворна форма, најсуштествените „аргументи“ и доктринарни ставови за идното време:
– Во Р Македонија, целото словенско население ce дефинира како македонско;
– Официјално, за Бугари ce признаени само 1.850 луѓе, претежно доселеници од западните покраини;
– Секој што јавно ќе ce декларира како Бугарин е подложен на санкции според одредбите на Законот за заштита на македонската национална чест;
– Денес во Р Македонија живеат околу 1.400.000 граѓани со бугарски етнички корени, лишени од правото на самоопределување (подвлекол H.Р.).., иако самите се чувствуваат како македонски Бугари, но официјално ce определуваат и регистрираат како „Македонци“. Како резултат на таквата полувековна насилна денационализаторска политика, на последните две-три млади поколенија им е избришан историскиот ум. Поради тоа, тие ce декларираат како „Македонци“ или „Југословени“;
– Со преземените мерки со кои ce ограничува секаков вид духовна манифестација, ce настојува да ce надвладее (ce мисли на македонската младина – H.Р.) т.н. Б-комплекс (бугарски комплекс), a исто така и cè пошироко распространетата девиза меѓу народот за „еден народ во две држави“.
3. Социјалниот статус на Бугарите
Во овој поднаслов, според анализите на бугарските економски експерти и стратези, особено ce потенцира грижата за социјалните состојби на „македонските Бугари“ во Р Македонија. Во тој контекст, не тргнувајќи од социјалните состојби дома, ce тврди (без аргументи – заб. H.Р.) дека во „Р Македонија ce случува сериозна економска стагнација, a како последица на тој процес ce 44 отсто невработени од работно способното население. Оттука, следува и развојниот процес на емиграција кон Америка, Канада и Австралија“.
Во БНД со ниту една фактографска аргументација не ce поткрепуваат наведените аргументи. Оттука, кога станува збор за грижата на бугарските стратези за социјалниот статус на „македонските Бугари“ во Р Македонија, би требало, барем од етички аспект.
4. Стратегијата на Бугарија
Во овој поднаслов јасно ce детерминирани императивите на бугарската стратегија по однос на „Бугарите во Македонија“. Императивите ce во функција на реализирање на стратегиските бугарски државно-политички цели на прагот на 21 век. Задачите, средствата и силите (системски стратегиски фундаменти од арсеналот на стратегијата на „посредно настапување“ – заб. H.Р.), со антимакедонска исклучивост, во стратегијата ce децидно дадени. Следува експликација на најрепрезентативните:
– Бугарската држава, пред меѓународната заедница и дипломатските кругови, јасно и цврсто да ги постави неоснованоста и неможноста да ce признае суштествувањето на „македонскиот јазик“ и „македонската заедница“, како бугарски (подвлекол Н.Р.).
– Бугарската држава да спроведува политика што ќе го обезбедува и заштитува правото на македонските Бугари на самоопределување.
– Бугарија да ги поставува прашањата за целосно приспособување на европските норми по однос на националните права на Бугарите во Македонија – слобода на зборот, право на самоопределување, право на здружување во национални партии и организации, право на достапност до информации од бугарски изданија – печат, радио и телевизија, како и од научни институции во Бугарија.
– Да ce организира и да ce спроведува системски широка дејност кај нас и во странство за разобличување на фалсификатите на бугарската историја, јазик, традиции… за што треба:
– бугарската национална телевизија и националното радио да обезбедат сигнал и емисии што целосно ќе ja покриваат територијата на Р Македонија;
– бугарските печатени изданија решително да ce спротивставуваат на сите клевети и фалсификувања од страна на македонските медиуми;
– државата финансиски да ги поддржува Македонскиот научен институт и Македонскиот меѓународен институт во Софија за системско истражување и публикување важни документи и трудови по однос на македонското прашање;
– да ce издаваат весник и списание, кои нема да ce наплатуваат, посветени на историјата и животот на граѓаните во Р Македонија со бугарски етнички корени.
– Да ce прифаќаат и приспособуваат уставни и законски норми во Бугарија со цел постепено да ce изедначуваат правата на Бугарите од Македонија со правата на бугарските граѓани.
– Да ce уредат условите за издавање бугарско државјанство на македонски Бугари.
– Да ce обезбедат доволен број стипендии, кои ќе ги задоволат желбите на сите млади од Р Македонија за нивно образование во Бугарија.
– Да ce создаваат услови за изземање царина за стоките произведени во Р Македонија.
– Да ce наоѓаат патишта за проширување на научните контакти и обезбедување бесплатни специјализации на научници и професори на бугарските универзитети и научни институти.
Бугарите во Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина
За Бугарите што живеат во Хрватска, Словенија и БиХ, во доктрината ce тврди дека тие на овие простори ce доселиле од Вардарска Македонија, западните покраини и од други земји главно меѓу двете светски војни и подоцна. Во времето на поранешна СФР Југославија тие биле регистрирани како „Југословени“ или „Македонци“.
Според бугарската статистика, која ce повикува на официјални показатели од 1990 година, во Хрватска има околу 350.000 „Југословени“, од кои 80.000 ce „Македонци“, во Словенија околу 10.000 „Македонци“ и во БиХ околу 1.900 „Македонци“.
Оттука, презентираната фактографија во БНД ce зема како аргумент дека на тие простори живеат „десетици илјади граѓани со бугарски етнички корени“. И во овие „аргументи“, како и во „аргументите“ за Бугарите во Р Македонија, бугарските стратези не отстапуваат од перфидноста и суптилноста на доказите кога меѓу декларираните „Македонци“ (или „Југословени“) и граѓаните со бугарски етнички корени го повлекуваат знакот на еднаквост.
Во тој контекст, во делот „Политички права“ ce констатира дека „Бугарите во Хрватска и во Словенија по 1990 година не ce признаени за национални малцинства, поради тоа што Бугарија за тоа не поднела официјално барање, ниту пројавила интерес за нивните политички права“.
Бугарите во Албанија
„Аргументите“ презентирани од бугарските стратези за Бугарите во Р Македонија и во Хрватска, Словенија и БиХ по ништо не ce разликуваат од аргументите што следуваат, односно ce однесуваат на Бугарите во Албанија, само со една разлика, што на овој простор cè повеќе пенетрира бугарската асимилаторска политика.
Во поднасловот „Место на живеење“ ce тврди дека во Албанија живеат потомци на Бугарите што ги населувале териториите во тогашните граници на Првата и Втората бугарска држава. Bo 17 и 18 век многу од нив биле насилно иселени во Македонија, Тракија и Мизија. Во 1944 година Енвер Хоџа ѝ предложил на бугарската влада во Албанија да испрати бугарски учители. Меѓутоа, тоа не било реализирано, бидејќи од страна на бугарската држава ce сметало дека во Албанија не живеат Бугари туку „Македонци“. Изолацијата на Албанија од светот, како што ce наведува во БНД, и незаинтересираноста на Бугарија биле основните причини за прекин на контактите со Бугарите во Албанија cè до 1989 година.
Од почетокот на 1990-тите години врските со „бугарските сонародници повторно ce воспоставени, што овозможува грижата да оди по нагорна линија“. Според албанските официјални податоци, во Албанија живеат околу 60.000 Бугари, a според бугарските извори, бројот достигнува до 100.000 луѓе. Мнозинството е населено во реоните на Голо Брдо и Мала Преспа, a илјадници Бугари живеат во Тирана, Елбасан, Драч, Корча и во други градови. Бугари живеат и во Северна Албанија – областа Гора, во девет села на околијата Кукс. Според бугарските стратези, „среде тоа население ce води активна денационализаторска политика од скопски емисари со цел да ce македонизираат Бугарите“.
За да ce реализираат бугарските цели во однос на „правата“ на Бугарите во Албанија, во поднасловот „Стратегијата на Бугарија“ ce детерминирани следниве задачи, средства и сили:
1. Да ce направат дипломатски напори официјално за да ce признае бугарското национално малцинство.
2. Да ce работи на изградбата на бугарски училишта и библиотеки.
3. Да ce обезбедат доволен број стипендии за Бугарчињата, за да можат да ce образоваат во бугарски средни и високи школи.
4. Да ce обезбеди бугарско медиумско присуство кај Бугарите во Албанија преку радио, сателитска телевизија, печат.
5. Да ce создаваат услови за издавање бугарско државјанство.
Бугарите во Грција
Во овој дел од БНД, посветен на Бугарите во Грција, особено импонира големината на перфидноста и суптилноста на средствата и силите што ce во функција на реализирање на бугарските државно-политички цели што ce однесуваат на историски „наследените“ територии од бугарското опкружување. Посебноста произлегува од фактот што и двете држави, Грција и Бугарија, докажуваат „исти историски факти“ кон Македонците и нивниот етнички простор, само што Грција „историското“ го има вградено во сегашниот државен простор, a Бугарија ce обидува тоа „право“ на Грција да ѝ го оспори со „историски аргументи“, кои следуваат во натамошната експликација на бугарските историски и актуелни „аргументи“. Во тој контекст, станува збор за негирање, a истовремено и асимилација, на ист народ и ист етнички простор (македонски – заб. H.Р.), но гледан од различен (двоен) државно-политички стратегиски аршин.
Како што следува, „аргументите“ за бугарското „историско наследство“ на грчките простори ce следниве:
Во поднасловот „Место на живеење“ ce тврди дека во почетокот на 20 век во Егејска Македонија и Западна Тракија мнозинството од населението било бугарско.
Најголема етнонеправда, по однос на Бугарите во Грција, на Бугарија ѝ била направена со:
– Букурешкиот мировен договор од 1913 година, според кој „Грција ѝ ja одзела Егејска Македонија“ a „Западна Тракија била присоединета кон Бугарија“;
– Нејскиот договор (1919), со кој било ветено Западна Тракија да биде ставена под сојузничка управа, a како компензација за отстапката на просторот, Бугарија требало да добие економски простор на Егејско Mope, што не било исполнето;
– Лозанскиот договор (1923), со кој таа територија ѝ била дадена на Грција, со што бугарскиот етнопростор бил скратен за „Егејска Македонија“ и „Западна Тракија“ и – состојбите по Првата светска војна го иницирале меѓусебното договарање (Бугарија и Грција) околу проблемот на заемното раселување на населението врз доброволен принцип. Наспроти договореното, голем број бугарско население во Егејска Македонија и Западна Тракија било присилно раселувано, a на тие простори биле населувани малоазиски, критски и понтски Грци. Но, и покрај сите репресирања, „нашите сонародници го зачувале националниот идентитет“.
Во тој контекст, перфидноста и суптилноста на бугарските стратези по однос на македонскиот национален идентитет на овие простори, што го детерминираат како бугарски, посебно ce експонирани во делот од БНД во кој ce тврди:
а) грчкиот устав, законодавство и практика не го признаваат идентитетот на „бугарското малцинство“. До 1913 година Бугарите ce декларирани како „славобугарски Елини“, a по оваа година како „Славоелини“, што не е во согласност со меѓународните норми за човековите права;
б) нашите сонародници ce објект на внимание на македонистите од Скопје, кои ги определуваат за „Македонци“, иако грчката раководна средина не признава „македонска нација“ во Р Македонија, a населението го смета за бугарско;
в) официјалната грчка статистика на ja прикажува вистинската слика за Бугарите во Грција.
Според американски извори, во регионот на Солун живеат околу 60.000 славомакедонци, кои зборуваат бугарски. Европската комисија за правата на човекот, во 1997 година наведува дека во Грција има 105.000 илјади жители што зборуваат на мајчин јазик како бугарскиот. Или, според истражувањата на доц. Г. Даскалов. во Грција живеат 255.000 Бугари.
Бидејќи „Грција не го признава суштествувањето на бугарското национално етничко малцинство на нејзината територија“, во делот „Стратегија на Бугарија“ ce детерминираат насоките со стратегиска конотација што треба да ги преземе Бугарија во актуелниот и наредниот период за да им ce вратат на Бугарите во Грција одземените граѓански и политички права:
1. Бугарија треба цврсто и бескомпромисно пред Грција да го постави прашањето за признавање на бугарското национално малцинство во Егејска Тракија и Македонија;
2. На сите Бугари што живеат во Грција да им ce обезбеди слобода на писмото, право да зборуваат на мајчиниот јазик, да комуницираат со блиските и роднините што живеат во Бугарија;
3. Да ce лобира за отворање бугарски училишта и богослужба на бугарски на просторите населени со бугарско население;
4. Бугарија да обезбеди медиумско покривање на просторите во Беломорска Тракија и Македонија на кои живее бугарско население.
Автор: проф. д-р Радко Начевски
продолжува

































