Руски извори од почетокот на дваесеттиот век за самобитноста на македонскиот народ (2)
- Во извештај од 1907 година Петрајев забележува дека неколку села во Костурската каза упорно се нарекувале дека се „Македонци“, а жителите на седум села во Дебарската каза се именувале како „македонски Словени“. Ова е мошне значајно сведоштво, бидејќи покажува дека постоела локална самоидентификација, која не се поклопувала со српските или бугарските претензии. Петрајев сведочи дека населението сакало да живее според сопствените обичаи и да зборува на своето наречје, а не според „програмите на бугарските или српските комитети“. Со ова тој јасно укажува дека локалната, посебната македонска култура и јазик биле основа на идентитетот, а не хегемонистичките идеологии што се обидувале да го асимилираат населението
Кога ќе се насочиме кон историските, веродостојни и оригинерни и оригинални извори – извештаите на руските конзули – се открива сосема друга слика, многу посложена и понијансирана.
Конзулот А. Петрајев во Солун забележува дека голем дел од населението било „погодно за национални агитации“ бидејќи немало изградено силно национално осознавање. Населението (македонско) имало свои белези на посебност, различност во фундаменталните национални инсигнии, но националната свест сѐ уште не била елемент за кој би се водела бескомпромисна и беспоштедна колективна борба. Оваа забелешка е суштинска: таа покажува дека населението како колективитет (не индивидуалци или помали групи) не било цврсто поврзано по овој основ, туку било ранливо на изложеноста на влијанија од различни национално-хегемони страни. Затоа, кнезот Г.Н. Трубецко дури истакнува дека населението во Македонија е „тесто што може да се измеси и во Срби и во Бугари“, што уште повеќе ги нагласува неговата пластичност и отвореност кон различни национални пропаганди.
Во извештај од 1907 година Петрајев забележува дека неколку села во Костурската каза упорно се нарекувале дека се „Македонци“, а жителите на седум села во Дебарската каза се именувале како „македонски Словени“. Ова е мошне значајно сведоштво, бидејќи покажува дека постоела локална самоидентификација што не се поклопувала со српските или бугарските претензии. Петрајев додава дека населението сакало да живее според сопствените обичаи и да зборува на своето наречје, а не според програмите на бугарските или српските комитети. Со ова тој јасно укажува дека локалната култура и јазик биле основа на идентитетот, а не националните идеологии што се обидувале да го асимилираат населението.
Други конзули даваат уште појасни сведоштва. В. Кал во Битола истакнува дека месниот јазик е „типичен, карактерен и чуден“ и заслужува самостојно да се именува како македонско наречје. Ова е директно признавање на посебноста на македонскиот јазик, кој не може да се сведе ниту на српскиот ниту на бугарскиот. А. Орлов во Скопје забележува дека македонското славјанско наречје има блискости со бугарскиот и српскиот, но со него не можат да се разберат ниту Србите од Србија ниту Бугарите од Бугарија. Тој нагласува дека македонското население го приспособува својот јазик кон соседите, но сепак задржува сопствена особеност – уште една потврда за неговата автономна културна и јазична природа.
Петрајев во своите белешки оди уште подалеку, тврдејќи дека сите заедници, освен Турците, Евреите и Циганите, претставуваат „македонски тип“ што не може да се вброи во познатите етнографски групи. Називите „Бугарин“, „Србин“, „Грк“ или „Влав“ тој ги смета за политички етикети наметнати од соседите или од заинтересираните сили. Ова сведоштво е особено важно, бидејќи ја разоткрива политичката природа на националните класификации и го потврдува постоењето на локален македонски идентитет што не може да се редуцира на соседните национални категории.
Овие сведоштва навистина ја разнишуваат тезата на Сквозников и ја ставаат неговата монографија во една парадоксална положба. Додека тој во сопствената нарација го идентификува мнозинството словенско население како „Бугари“, следејќи ја традиционалната руска и бугарска историографска рамка, неговите извори – извештаите на руските конзули и дипломати – откриваат сосема поинаква реалност. Тие покажуваат дека населението во Македонија не било цврсто врзано за ниту една национална идеологија, туку се самоопределувало како „Македонци“, дека имало сопствено наречје, кое заслужува да се именува како македонско, и дека националните етикети како „Бугарин“, „Србин“ или „Грк“ биле наметнати однадвор, од соседните држави и нивните пропаганди.
Во поширок контекст, оваа противречност ја покажува динамиката на балканската историја: како националните идеологии се обидувале да го асимилираат населението, но како локалната култура и јазик упорно опстојувале. Сквозников, иако несвесно, преку своите извори ја потврдува тезата дека Македонија не е само „јаболко на раздорот“ меѓу соседите туку и земја со сопствена духовна и културна автономија, која заслужува да биде препознаена како посебна историографска категорија.
Каков впечаток би имале луѓето доколку ја прочитаат оваа монографија?
Доколку луѓе без историско познавање ја читаат монографијата на А.Н. Сквозников, „Македонија кон крајот на 19 век и почетокот на 20 век – јаболко на раздорот на Балканот“, нивниот впечаток за етничкиот состав на Македонија најверојатно би бил едностран и во голема мера обликуван од самата нарација на авторот. Сквозников ја гради својата аргументација врз тезата дека мнозинството словенско население во Македонија било „македонски Бугари“, термин што го користи постојано и со кој ја пренесува традиционалната руска и бугарска историографска рамка. За читател што нема историска свест или критичко познавање, оваа формулација би се прифатила како факт, па впечатокот би бил дека Македонците во тој период биле дел од бугарскиот етнички корпус.
Иако Сквозников ја нагласува етничката шареноликост на Македонија – присуството на Словени, Турци, Грци, Албанци, Власи, Евреи, Роми и Черкези – таа хетерогеност во неговата рамка останува второстепена. Доминира тезата за „македонските Бугари“, која ја става во сенка комплексноста на регионот. Читателот без историско познавање би ја прифатил оваа класификација без да ја доведе во прашање и би заклучил дека Македонија е земја со мнозинство Бугари, кои страдаат под турскиот јарем и под духовното и економско угнетување на грчката патријаршија, додека другите етнички групи се само дополнителен мозаик.
Она што се губи без историско знаење е токму контрадикторноста меѓу нарацијата на Сквозников и извештаите на руските конзули. Читателот без критичка свест најверојатно нема да забележи дека конзулите сведочат за население што се нарекува „Македонци“ или „македонски Словени“, дека тие инсистирале на сопствено наречје и културна посебност и дека националните етикети „Бугарин“, „Србин“ или „Грк“ биле политички ознаки наметнати од соседите. Ќе остане незабележано дека извештаите на Петрајев, Кал и Орлов ја побиваат тезата на авторот и отвораат простор за признавање посебен македонски идентитет.
– Затоа, за читател без историско познавање, книгата на Сквозников би оставила впечаток дека Македонија била пред сѐ земја на „македонски Бугари“ во етничка смисла, со дополнителна шареноликост. Само оние со историска свест или критичко читање би ја препознале длабоката противречност – дека самите извори што ги цитира авторот ја побиваат неговата теза и ја разоткриваат Македонија како земја со сопствен идентитет, сопствен јазик и културна посебност што не може да се сведе на српска или бугарска – велат добро упатени лица во оваа проблематика.
Руските извори на Сквозников за Македонците
Рускиот конзул А. Петрајев во својот извештај од 1907 година до Министерството за надворешни работи на Русија истакнал дека неколку села во Костурската каза се откажувале од сите други етнографски самоопределувања и упорно се нарекуваат себеси Македонци. Истиот конзул истакнува дека жителите во седум села во Дебарската каза се именувале како македонски Словени, според конзулот – сѐ до изградбата на македонските училишта наставата се одвивала на руски јазик, со помош на учители од Русија. Конзулот забележува дека месното население сакало да живее во согласност со своите обичаи и да говори на своето родно наречје, а не по програмите на бугарските или српските комитети.
Рускиот конзул во Битола, В. Кал, истакнал дека месниот јазик пред сѐ е типичен, карактерен и чуден и, покрај различните влијанија на кои се нашол, заслужува меѓу словенските јазици одделно самостојно да се именува како македонско наречје. Рускиот конзул во Скопје, А. Орлов, истакнал дека македонското славјанско наречје има неколку блискости со бугарскиот и српскиот јазичен дијалект, но со него не можат да говорат ниту Србите од Србија ниту Бугарите од Бугарија. Во зависност од соседството на населението што говори по српски или по бугарски, македонското население го приспособува својот јазик кон јазикот на соседите и го прави разбирлив за нив.
Рускиот конзул од Солун, А. Петрајев, во своите белешки за националностите во Македонија истакнал дека со исклучок на Турците, Евреите, Циганите, сите други претставуваат македонски тип што не може да се вброи во познатите етнографски групи. Даваниите називи: Бугарин, Грк, Србин, Албанец, Романец (Куцо – Влав) се јавуваат како политички етикети дофрлени од соседите на Македонија или, пак, од заинтересираните за нејзината судбина.
крај


































