Фото: Илустрација/Пиксабеј

Автор: Д-р Блажена Андреева

Магнезиумот е минерал неопходен за целокупното здравје на еден човечки оганизам. Правилната исхрана придонесува за оптимален внес на магнезиум, меѓутоа со современиот начин на живот, брзиот начин на исхрана, употребата на цигари и алкохол, храна која содржи конзерванси, ретко кој човек нема потреба од дополнителен внес на магнезиум. Луѓето кои не конзумираат доволно зеленчук, јаткасти плодови, овошје, имаат значителен недостиг на магнезиум.

Храна богата со магнезиум

•Блитва (варена)
•Спанаќ (варен)
•Семки од тиква
•Сусам
•Киноа
•Индиски ореви
•Семки од сончоглед
•Јачмен

Идеален извор на храна богата со магнезиум е и рибата, со препорака да се внесува во исхраната два пати неделно. Исто така богат извор на магнезиум се мешункастите зеленчуци како што е грав, леќа и грашок. Од млечните производи се препорачува јогурт, козјо сирење и моцарела. Од сувото овошје исто така има голем придонес доколку се внесува секојдневно во дозволени количини.
Симптомите на благ недостиг на магнезиум обично се неспецифични и може да вклучуваат главоболка, слабост, замор. Недостигот на магнезиум е причина за поголема подложеност на стрес, потење, несоница.
Поголемиот недостиг на магнезиум може да резултираат со пецкање, грчеви во мускулите, абнормален срцев ритам, опстипација.
Ниското ниво на магнезиум не дозволува нормална абсорбција на витамин Д, а со тоа се намалува нормалната коскена густина и може да доведе до остеопороза.
Токсичноста на магнезиум од извори на храна не е проблем бидејќи телото го елиминира вишокот во урината. Големи дози на додатоци на магнезиум во форма на лекови кои содржат магнезиум може да предизвикаат дијареа, гадење и грчеви во стомакот.

Магнезиумот игра важна улога во работата на кардиоваскуларниот систем, нервниот систем, мускулите, бубрезите, црниот дроб, жлездите што лачат хормони и мозокот. Тој се апсорбира преку цревата и потоа со помош на крвта се транспортира до клетките и органите, каде што се складира.
Магнезиумот е минерал кој учествува во активноста на околу 300 ензими во организмот, а неговите најважни функции се:
– минерализација на коските
– пренос на нервните сигнали
– регулирање на крвниот притисок и срцевиот ритам
– регулирањето на контракцијата на мускулите.

Срцето e најважниот мускул во организмот чија функција зависи од внесот на магнезиум. Во последно време се повеќе се проучува поврзаноста на недостигот на магнезиум со неправилната работа и нарушувањата на срцето, развојот на ангина пекторис и многу други појави.

Како да изберетe најдобар магнезиум

Секогаш разговарајте со вашиот лекар, врз основа на знаците и промените кои ги цувствуваме требада се избере најсоодветната форма.

1. Магнезиум оксид
Магнезиум оксидот е најприфатливата форма на магнезиум. Има пoслаба биорасположивост и затоа треба да се зголемува дозата за подобри резултати, но негативна карактеристика е лаксативното дејство.

2. Магнезиум цитрат
Магнезиум цитрат е врзан за лимонска киселина и е еден од најбиодостапните, што значи дека има повисока стапка на апсорпција од другите форми на магнезиум.

3. Магнезиум глицерофосфат
Магнезиумот е поврзан со глицерол и фосфорна киселина (т.е. фосфат). Тој е високо биодостапен, со минимално нарушување на гастроинтестиналниот систем.

4. Магнезиум бисглицинат
Магнезиум глицинат е врзан со глицин, неесенцијална амино киселина, и е една од најбиодостапните и најапсорбирачките форми на магнезиум и со најмала веројатност да предизвика дијареа. Магнезиум бисглицинат има смирувачки ефект врз телото и мозокот и може да помогне да се промовира здрав деноноќен ритам.

5. Магнезиумот врзан за посредниците на Кребовиот циклус (малат, фумарат, сукцинат и цитрат) има висока биорасположивост и е во состојба директно да ја подобри способноста на телото да произведува енергија. Помага во случај на замор и ги релаксира мускулите.